Лазарски обредни поворки од Долни Полог - Ансамбл Македонија

Празникот Лазарова сабота во етничкиот предел Долни Полог бил проследен со женски обредни поворки. Лазарките во секоја куќа пејат наменски песни за секој член од семеството. Се изведуваат двогласно. Лазариците носат обредни реквизити, "стапчиња" кои имаат магиско заштитна функција. Овие обредни поворки, во рудиментирана фирма, се дел од живата обредна традиција на теренот и денес.

Смотрите также