Македонски балади - Болен Дојчин

Благородна е нашата работа, еднаква на Цепенковата и знам дека од таму некаде горе, царот со големо око ја следи нашата работа и ја благословува! Владимир Трајковски беше единствениот човек/обожавател на царот во Македонија кој ги зачувал овие најбесценети дела! Кога ги знаеш насловите и неможеш да ги пронајдеш во цела Македонија ниту во Македонската телевизија тогаш на нашиот статус се одважува добар човек со големо срце кој ги има материјалите што ги бараме! Благодариме Владимир! Признание за несебичниот труд и да се даде се отсебе да се помогне при дигитализирањето, собирањето и зачувувањето на купче на овие бесценети дела заслужува и Игор Блажевски од Скопје, мој побратим/колега кој сиве овие години се одава несебично со една цел да се зачуваат од заборав делата кои ги создаде и остави на нашата генерација во завештание Ѓорѓи Колозов! Благодариме од срце Игоре! Ете затоа на почетокот реков дека нашата работа е благородна кога се работи за заедницата, за сите оние кои се дел од оваа страница посветена на царот! Тоа што ви го прикажуваме вреди злато, а е вистинска реткост и за прв пат овде! Гледајте, уживајте и споделете да не се заборави! Ваш, Горан Марковски - уредник на страницата за обожаватели на Ѓорѓи Колозов!

Смотрите также