ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА - Во пазувите на Кожув Планина (Најстар Брест во Македонија)

Документарна емисија од серијалот „Чудесна Македонија„ снимана и продуцирана од Македонската Телевизија - МТВ во есента 2024. Во оваа епизода се прикажани природните убавини и културно-историското наследство на регионот околу Кожув Планина. Во емисијата се истражуваат селото Серменин, познато по својата уникатна архитектура, изворот Смрдлива Вода, кој е богат со минерали, ловиштето Милисан, и природни реткости како Гол Човек – дрвото симбол на регионот, платановата шума и еден од најстарите брестови во Европа, сместен во дворот на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Негорци. Со оваа епизода, „Чудесна Македонија“ уште еднаш ја нагласува уникатноста и богатството на македонската природа и нејзиното културно наследство.

Смотрите также