СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА 2-3 одд. ОУ "КОЛЕ КАНИНСКИ" БИТОЛА

Во рамките на активностите на Инклузивниот тим во ОУ ”Коле Канински”- Битола се подготви театарската претстава ”Снежана и седумте џуџиња”. Претставата ја подготвија учениците од 2-3 одд. со нивната наставничка Лидија Павловска. Целта на снимањето на оваа театарска претстава, како дел од проектот ”Инклузивно образование” кој го спроведува Здружението за асистивна технологија ”Отворете ги прозорците” и е финансиран од Детската фондација ”Песталоци” од Швајцарија, е да се подигнат фондови од локални донатори. Преку овај проект нашето училиште обезбеди донаторска поддршка од локални донатори за градење на пристапна рампа од страната на службениот влез во училиштето.

Смотрите также