СИМПАТИЈА - краток филм

Со огромно задоволство Ви го претставуваме краткиот филм „Симпатија“ на Никола Колев. „Кога домашната расправија ги надминува сите граници, Миа нема друг избор и излетува од дома среде ноќ. Незнаејќи каде да оди и што да прави, последна надеж која ја има е нејзината симпатија.“ Играат: Aнгела Трајковска и Инес Хоџиќ Режиja: Никола Колев Сценарио: Борислав Јарчевски и Никола Колев Директор на фотографија и камера: Aтанас Стојановски Аудио: Aлександар Јарчевски Костимографија и шминка: Ивона Колева Музика: Maриналеда - Бегам од себе; Marc D Giguere - Metropolis; Jonny Easton - Voyager Продуцирањето на филмот беше овозможено преку проектот Млади артивисти за промена (МАП), кој е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија. Мислењата и ставовите произнесени во филмот не мора задолжително да ги изразуваат официјалните ставови на донаторот ниту на спроведувачот.

Смотрите также