До повторно видување - Ана Бунтеска (чита Роберт Велјановски)

Ана Бунтеска ✍️ Баба ми два пати умре првиот пат кога имав 16 кога го закопавме дедо ми и откако сите се разотидоа стоеше на сред соба со рацете на градите стиснати “не пее поќе, занеме” ете првиот пат умре кога пилето и’ умре она за дедо ми што и’ пееше го погреба сосе него и земја озгора му фрли го прежали и него и себе после живееше уште долго стокмена дотерана со црвен кармин и косата спастрена небаре за излегување спремна ама очите исти не и’ беа и велеше “ќе живеам јас уште долго ама не знам колку ова живот е сам да легниш и сам да станиш да немаш да прогоориш со некој за убо, за лошо збор да скршиш” вториот пат умре кога имав 37 како свеќа се исуши со желба да ја нема да оди онаму каде што припаѓа умре среде зима во февруари ко да чекаше роденденот да ми замини и да се поздравиме за раат да оди онаму каде што пилето го остави за да пропее пак да се сретнат и препознаат и сакам да мислам дека дедо ми ја чекал со букет трендафили какви што им цутеа во дворот и дека ќе се изнамуабетат ќе надоместат за сето време одвоени дур биле и дека и таму куќа ќе изградат за еден ден кога на сите редот ќе ни дојде да се собереме повторно како дете кога бев среќна и безгрижна како тогаш како некогаш

Смотрите также