Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Во петтата епизода од втората сезона на Радио Милева зборуваме за теориите на заговор, сеприсутен феномен во историјата на човештвото, кој е сѐ позасилен во современиот живот по појавата на интернетот. Поподробно за теориите на заговор, како и зошто настануваат и какви типови личности се склони да ги шират или да им веруваат, разговараме со д-р Билјана Ѓонеска, истражувачка во МАНУ од областа на социјалната психологија и социјалните невронауки. Во рубриката „Јазикот е отепувачка“, Милевите зборуваат за нови кованици во јазикот што произлегуваат од современи феномени, а во рубриката „Бумери и џумери“ Милевите ги дискутираат начините на кои средовечната криза се манифестира кај жените и мажите од нивната генерација. Во последната рубрика „Враќање во реалноста“, Милевите потсетуваат за страшните анти-женски закони кои стапуваат на сила во различни делови од светот. 00:00 – Вовед: теории на заговор 01:58 – Гостинка: д-р Билјана Ѓонеска 24:24 – Милевите за теориите на заговор 31:13 – Нови кованици: Јазикот е отепувачка 42:10 – Средовечна криза: Бумери и џумери 1:00:00 – Враќање во реалноста