Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашавме граѓаните дали знаат кој празник е 23 октомври. Еве што ни кажаа: „Знам само дека не сум на работа...“, „Не памтам, не“, „Ден на ВМРО, денот кога Внатрешната македонска револуционерна организација победила во... не знам која битка“, „23 октомври е поврзано со македонската револуционерна борба“, „ден на ВМРО... тогаш се оформила партијата“, „мислам дека е Свети Климент Охридски“. Прашавме и „Која личност од сегашноста заслужува да добие восочна фигура во Музејот на македонската борба?“: „Конкретно од Македонија никој не заслужува... од светот – Грета Тунберг“, „Македонец никој ми нема оставено впечаток, а за странска личност – Доналд Трамп“, „Борис Трајковски“, „Некоја личност од културата или музиката, уметноста...“, „Панчо, Андреј, ДНК“, „Заборавив како се вика човекот, у парламент работи, со патика што ги лупаше...“, „Јас мислам дека треба овие политичари, сите да добијат една восочна фигура, за пример како не треба.“ На прашањето „Кој ден ти би го прогласила за празник или за неработен ден?“, граѓаните кажаа: „Веројатно првиот сончев ден...“, „Најсончевиот ден во месец ноември“, „дефинитивно 31 декември, никој неќе да работи дента кога се слави Нова година“, „Ниеден, доволно се, сепак треба и да работиме...“, „Јас би го прогласила за неработен ден – понеделник...“, „Мојот роденден“, „Денот на мрзливоста“. А еве што мислат граѓаните за тоа дали треба да се менува сметањето на времето од летно, во зимско: „Дефинитивно не, затоа што губиме дел од сончевите саати“, „Мислам дека е неважно...“, „Нека си остане, 24/7, 365... пак, движиме, работиме, постоиме, истото е.“