Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Со две возила се дополни возниот парк на „Чистота и зеленило“
Кај депото на „Чистота и зеленило“ спроти автобуската станица денеска беше извршено примопредавање на две возила за потребите на комуналното претпријате од страна на Центарот за развој на Североисточниот плански регион, во рамките на проектот „Подобрување на инфраструктурата на Бислимска клисура“. Носител на проектните активности е ЦРСПР, а се дел од Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година на Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа на РСМ. Проектот ќе се реализира во општините: Куманово, Кратово, Ранковце и Старо Нагоричане, а корисници ќе бидат сите јавни претпријатија за управување со отпад од регионот. Целта на овие активности е подобрување на условите за жителите на с. Пчиња кои се корисници на услугите на јавното претпријатие за управување со смет, за туристите и посетителите на Бислимска клисура и сл. Follow TV Plus on... • Web: • FB: / tvpluskumanovo • Instagram: / tvplus.kumanovo