Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Македонија да се охрабри и да рехабилитира битни личности што ги делиме со Бугарија | Бучковски
Следува интервјуро со Владо Бучковски, професор и поранешен премиер и министер, со кој разговараме за повеќе прашања со фокус на македонско-бугарските односи со оглед на фактот дека тој, заради неговите академски врски со бугарските научни и општествени кругови одлично ја познава тамошната политичка ситуација. Бучковски смета дека со резолуцијата за црвените линии, Филипче им понуди на ВМРО-ДПМНЕ излезно решение и да се соочат со реалноста дека деболкирањето на евроинтегративниот процес мора да оди преку Софија и дека самоблокадата во ЕУ процесот само ни нанесува сериозни штети. Времето како поминува, смета Бучковски, решенијата ќе бидат се понеповолни за нас и дека иако ЕУ има симпатии кон нас, гласањето во Европската Унија нема да се промени. Поранешниот премиер го отвора и прашањето за потребата од голема коалиција со единствена задача да ги заврши успешно преговорите со ЕУ затоа што, смета тој, просечниот македонски граѓанин е „отруен“ со негативна кампања за ЕУ. Бучковски во ова интервју отвора едно храбро прашање дека Македонија треба спроведе политичко-правна рехабилитација на битни личности што ги делиме со Бугарија, како чекор на нашата земја да покаже дека искрено влегува во процесот на помирување и пријателство. Тој смета дека по Втората светска војна имало повеќе политички монтирани процеси во кои „ванчомихајловистите“ беа драконски казнувани. Бучковски открива и зошто на одбележувањето 30 години од дипломатските односи со САД едвај се воздржал да не викне: Уа, шнајдери! Со Владо Бучковски разговараше Зоран Бојаровски