Што го врти светот? | Охридско езеро | #НашаГордостНашаОдговорност

Свежа летна епизода на „Што го врти светот” од Охрид како поддршка на кампањата #НашаГордостНашаОдговорност. Разговаравме со тројца соговорници кои на свој начин се дел од акцијата за чистење на Охридското езеро како прва масовна акција во рамки на кампањата за заштита на природното и културното наследство на Скопско. Муабет покрај езеро си свртевме со: ◼ Марта Завкова - бренд менаџер на Скопско, ќе зборуваме за улогата на компаниите и нивната општествена одговорност. Зборуваме и за 100 години Скопско - значењето и градењето на брендот. ◼ Со актерот Александар Михајловски кој и се придружи на нуркачката акција и е дел од кампањата зборуваме за одговорноста кон природата и себе. ◼ Јован Секулоски, претседател на нуркачкиот центар Амфора и координатор на нуркачите од целиот регион кои го чистеа Охридското езеро, зборува за работата и авантурите под вода, како и најчудниот отпад кој некогаш го извадиле. Поддржете ја нашата содржина со стискање на Subscribe или Follow на профилите на „Што го врти светот” на YouTube, Spotify, Instagram, Facebook & LinkedIn. Поткастот е создаден од Здружение за истражување и анализи - ЗМАИ со продукциска и маркетинг поддршка од AdValue. #stogovrtisvetot #podcast #Ohrid #ohridlake #unesco #diving

Смотрите также