Видови сообраќај -Правила за безбедно однесување на патниците и последици - Општество 3-то одделение

Сообраќајот е важен дел од нашиот секојдневен живот. Патниците мора да ги следат основните правила за безбедност, како што се: Пешачи: Важно е да се користат тротоари. При преминување на улица, секогаш користете премин за пешаци и погледнете на двете страни пред да тргнете. Не трчајте на патот и не претрчувајте. Возачи: Важно е да се почитуваат сообраќајните знаци и светлосни сигнализација. Возачите мора да носат сигурносен појас и да се возат во дозволената брзина. Патници во автобуси: Секогаш седи на седиштето додека автобусот се движи. Не се движи по автобусот додека е во движење. По пристигнување на одредиштето, излегувајте со ред и не се туркајте. Последици од непочитување на правилата: Непочитувањето на сообраќајните правила може да доведе до несреќи, повреди и големи последици како што се оштетување на имот и животот на луѓето. Едуино - Е училница 🖥️ #Едуино #Еучилница #Образование #Безбедност #Сообраќај #Пешачи #Возачи #Деца #ПравилаЗаБезбедност #СообраќајниПравила #ОбразовниВидео #Учебник #Македонија #Општество #ДетскаЗаштита Во зависност од тоа каде се движат превозните средства, разликуваме различни видови сообраќај: копнен, воден и воздушен. Копнен сообраќај е сообраќајот што се одвива на копно. Тој може да биде патен и железнички. Во патниот сообраќај превозни средства се: автомобили, камиони, автобуси, комбиња, велосипеди, тротинети и друго. Во железничкиот сообраќај превозни средства се возовите и трамваите. Воздушниот сообраќај се одвива во воздух. Превозни средства се авионите и хеликоптерите. Водениот сообраќај се одвива по вода. Превозни средства се бродовите, глисерите и чамците. Размисли и одговори: Каков може да биде копнениот сообраќај? - Кои превозни средства ги има во твојата околина? - Наброј ги превозните средства што се движат по копно, по вода и во воздух. ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ПАТНИЦИТЕ И ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА Додека полетува или слетува авионот не смее да се станува од седиштето. Додека се патува со воз или со автомобил, не смее да се вади главата надвор од прозорецот. Додека се вози во чамец не смее да се станува од седиштето. Почитување на сообраќајни правила и прописи. Почитување на правилата за безбедно однесување на патниците во јавниот превоз. Правилно однесување како сопатник во патничко возило. Децата помали од 12 години не смеат да се возат на предното седиште. Тие треба да седат на специјално седиште наменето за деца. Веднаш по влегување во автомобил се става сигурносен појас. Видови сообраќај | Правила за безбедно однесување на патниците и ппоследици од непочитување на правилата. Eduino -E ucilnica Eдуино - Е училница #еду Природни науки Општество 3то одделение#youtubekidsblogger

Смотрите также