Педијатриската мултипла склероза и влијание во понатамошниот живот

Во ова видео слушнете го одговорот на прашањето: „Имам многу дилеми: дали лице кое боледува од педијатриска МС во текот на животот ќе биде способено да формира семејство, дали на некој начин би му бил зафатен репродуктивниот систем?“. Нашиот стручен соработник асс. д-р Бојан Бошковски од ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија, Скопје дава одговор на ова прашање. Ова видео е дел од проектот насловен Виртуелен МС советник. Контактирајте не на: msmakedonija@gmail.com   / nacionalnozdruzeniezams  
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигнување на јавната свест за мултиплата склероза. Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината. За повеќе информации посетете ја веб страницата:

Смотрите также