Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Од 25 до 27 ноември 2025 УКЛО КОЛОРС ќе го одржи првиот хакатон на кој студенти и професори од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, експерти, соработници на Универзитетот, ќе генерираат паменти решенија на предизвиците на зелена, социо-економска и дигитална транзиција, храна и земојделие, од мултидисциплинарна перспектива. На хакатонот, кој ќе се одржи во Студентскиот информативен центар на УКЛО, се очекува и учество на екипи од останатите универзитети, членки на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС. Повеќе за претстојниот настан слушнете во 429-то издание на емисијата ,,Студентски парламент“ на Универзитетското радио УКЛО ФМ – Битола. Наша гостинка е проф. д-р Мимоза Богданоска Јовановска од ФИКТ, раководителка на заедничкиот простор за соработка меѓу УКЛО и заедницата во рамки на КОЛОРС.