Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Невидливи симптоми на МС (2) - намалена спретност, моторна слабост, нарушување на видот, вртоглавици
Гостин во подкастот е науч. сор. д-р Бојан Бошковски од ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија, Скопје, тема „Невидливите симптоми на мултипла склероза“. Понекогаш проблемите предизвикани од МС не се видливи за надворешниот свет. Оштетување на видот, вкочанетост, замор, болка, когнитивни проблеми и сексуална дисфункција се неколку од вообичаените невидливи – скриени симптоми, кои може да го променат животот исто колку и оние кои се видливи со голо око. Пациентите со МС макотрпно се борат со овие симптоми, кои јавноста не може да ги види, па често и не верува дека постојат, лепејќи им епитети како неспособни, мрзливи, нерасположени. Следете нѐ: Официјална Веб страница на здружението Facebook fun страна / ; YouTube каналот / @nationalmsassociation3658 Instagram профилот / msmakedonija e-mail: msmakedonija@gmail.com