Отворена пракса Hands on Project (HOP) – нова активност на УКЛО КОЛОРС

Во текот на зимскиот семестар 2025/26 започна нов циклус на Отворена пракса со пристапот МултиКреација, создаден од професори на УКЛО. Во активностите учествуваа 45 студенти, неколку професори, два универзитета и три општини – Битола, Прилеп и Вентспилс од Латвија. Иницијативата претставува пример за иновативно учење преку работа, каде што теоријата и практиката се спојуваат во реални предизвици од заедницата. Преку Алијансата КОЛОРС, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот во Вентспилс, Латвија Ventspils University of Applied Sciences (VUAS) овозможија размена на знаење, искуства и инспирација меѓу студенти и ментори од двете држави. Во рамки на овој нов вид на практиканство т.н. Hands on Project (HOP), студентите низ текот на целиот семестар работеа на предизвик, насловен: ,,Презентирајте го нашиот град на туристите“ во кој имаа задача да работат на унапредување на информациите и платформите за туристи и посетители за градовите Битола, Прилеп и Вентспилс, Латвија.

Смотрите также