Пијанечки старовремски собор Тодорица- изведено на „Тодорица 2025“ Свети Николе- Гран при

• Обичај „ТОДОРОВДЕН“, во кој сцената се претвара во собориште, за православниот празник Тодоровден, а во позадина се пее песната „Тодоро, млада невесто“. Неколкуте млади невести од селото, што се омажиле во претходната година со своите свекрви и ги подредуваат колаците од погачи и баници. Дејствието се одвива според стиховите што се пеат во песната. Суштината е во тоа што свекрвата ја подучува снаата што да прави на соборот. Во песната се објаснува како на оваа црква за „Тодорица“, ќе дојдат и други невести од селото и таа со другата млада невеста да се штипнат и подритнат, а симболиката е во тоа што штипнувањето го претставува зачнувањето, а ритнувањето, чинот на самото раѓање. Подучени од свекрвите, невестите застануваат пред колаците со грб една со друга и се подритнуваат наназад. Невестите целиваат рака, се поткадува со темјан и се раздаваат колаците.

Смотрите также