Првиот Македонец со Iron Butt сертификат - Стојан Поповски

Асоцијацијата Железен задник или оригинално именувана Iron Butt Association е организација посветена на безбедни и долги патувања со мотор. Глобално има повеќе од 75.000 членови, а оваа есен, го доби и првиот член од Македонија. Стојан Поповски, нашиот познат триатлонец и учесник на бројни Iron Man натпреварувања, е човекот кој уредно си ги прочитал правилата, си го евидентирал своето патување и официјално го доби првиот сертификат за извозени 1500 милји на мотор за помалку од 24 часа - Bun Burner Gold предизвик.

Смотрите также