Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Мачето Марко и кучето Дарко - видео сликовница на знаковен јазик
Кој вели дека кучето и мачето мора секогаш да се непријатели? Тие често во приказните и цртаните филмчиња не се трпат, се бркаат не се сакаат и се караат. Но, постојат и такви примери кога тие и покрај спротивностите се спријателуваат па дури и живеат заедно. За такво другарство зборува оваа сликовница. Добрината на мачето Марко му носи само искрено пријателство и засолниште кај кучето Дарко. Добрите дела, безусловно, од непријатели создаваат пријатели и отвoраат многу врати.