Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
„Меѓу жедта и заразата“, нов документарен филм на Види Вака
Без вода нема живот, а посебно не кога светот се соочува со една од најстрашните пандемии. Сепак, две семејства од кумановско со години се без питка и проточна вода бидејќи живеат во нелегализиран објект и поради тоа не можат да бидат приклучени на водоводната мрежа. Погледнете го краткиот документарен филм „Меѓу жедта и заразата“ на Види Вака.