Епизода 6: Отворен разговор, плодна дискусија

Дали и ти со нетрпение го очекуваше петок за да ја гледаш последната епизода од втората сезона на dm поткастот и се прашуваш која е темата?🤔🤫 Уште сега покани ја твојата најдобра пријателка која е твоето рамо за потпирање и овој петок заедно проследете ја последната епизода од втората сезона на dm поткастот „Женски ритам” со наслов „Отворен разговор, плодна дискусија“🙏💜 Во шестата епизода, зборуваме за тема која ретко се отвора, тема за која е потребна голема храброст и искреност, а тоа е плодноста и неплодноста кај жената, емоционалните предизвици и значењето на околината во тие моменти . На оваа тема разговараме со нашите две прекрасни дами Ксенија Николова – писателка, автор на 7 објавени книги, основач на „Better Women, Better World и жена што храбро го споделува своето искуство и жена што храбро го споделува своето искуство и Д-р Татјана Гуржанова – специјалист гинеколог за репродуктивна ендокринологија и асистирана репродукција кои ќе ни споделат корисни совети🙌

Смотрите также