ФИКТ домаќин на 15 Меѓународна конференција за применети интернет и информациски технологии АИТ 2025

Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 7 ноември 2025 ја одржа 15 Меѓународна конференција за применети интернет и информациски технологии АИТ 2025, (XV International Conference on Applied Internet and Information Technologies AIIT 2025), во коорганизација со Техничкиот факултет „Михајло Пупин“ – Зрењанин при Универзитетот во Нови Сад, Србија. Конференцијата обедини учесници од повеќе земји, а фокусот беше ставен на олеснување на имплементацијата на интернетот и информатичките технологии во сите области на човековите активности. Во рамки на научниот собир се одржаа неколку тематски работилници од проекти во кои учествува ФИКТ, а посебно внимание се посветени на тркалезната маса за сајбер безбедност, каде учесниците дискутираа за современите предизвици и можните решенија во заштитата на компјутерските системи и мрежи. Дознајте повеќе во 655-то издание на емисијата ,,За Универзитетот отворено“ на Универзитетското радио УКЛО ФМ- Битола.

Смотрите также