УКЛО КОЛОРС ЕРАЗМУС ДЕН 2025

Со организирање на УКЛО КОЛОРС ЕРАЗМУС ден, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се вклучи во МЕЃУНАРОДНИТЕ ДЕНОВИ НА ЕРАЗМУС+ програмата. На настанот, кој годинава е дел од мапата на Европската комисија за Еразмус денови (
се промовираа редизајнираните промотивни материјали на УКЛО КОЛОРС ЕРАЗМУС - постер, флаер и студентско видео, како и два нови Еразмус бележници – достапни на македонски и англиски јазик. Претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност имаа презентација за Еуропас и Еурогаденс - сет на онлајн алатки и информации што помагаат при учењето и развојот на професионалната кариера - процес што редовно се реализира во соработка со КРЕДО центарот на УКЛО. Настанот се одржа во Колаборативниот простор CoSpace на УКЛО КОЛОРС во СИЦ на УКЛО, на 15 октомври 2025 година

Смотрите также