Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Во петтата епизода, под насловот „Календарот што го диктира животот“, ќе се впуштиме во една многу важна тема за женското здравје, а тоа е менструалното здравје! 🌸 💬 Што значи да се живее со менструален циклус во свет полн со предизвици? Како стресот и бурното секојдневие влијаат на нашето тело? 🤔 🏃♀️ Имаме две прекрасни гостинки Милјана Ристиќ, македонска атлетичарка, ќе сподели како физичката активност влијае на нејзиниот менструален циклус и енергија. А, д-р Весна Чибишиева, специјалист гинеколог, ќе ни открие важни знаци на кои треба да внимаваме во стресни периоди. 💪 ✨ Знаете ли дека менструалното здравје е поврзано со нашата продуктивност на работа? Како различните фази од циклусот влијаат на нашата концентрација? 🧠 🔍 Подгответе се за одлична епизода полна со информации, кои им се потребни на сите жени, и откријте како да го урамнотежите животот и менструалното здравје! 💖