Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
„Патот на Животот“ со о. Ивица Т и Душко К тема: Како до вистински пост, молитва и духовен подвиг!
ОД ВЕРА во БОГ до ДОВЕРБА во БОГ! --- Никој не може да дојде кај Мене, ако не го привлече Отецот, Кој Ме прати; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“ (Јован, 6, 44) --- Пред некој да започне сериозен духовен живот за него именката или поимот „БОГ“ нема баш никакво значење, освен, можеби, некаква тотална апстракција или традиционално емотивно наследство! Во оваа фаза може да се препознаат најголемиот процент атеисти, односно, личности за кои „БОГ“ нема никакво значење, смисла или вредност! Но, ништо по различни од нив не се и оние „верници“ кои под „БОГ“ подразбираат некаква традиција од постарите, наследен верски идентитет, лична проекција или апарат за исполнување на желби! Посериозната фаза во осознавањето на тоа што „БОГ“ навистина Е започнува кога некој ќе сака искрено да разбере дека „БОГ“ навистина постои! Во личноста на таквиот боготражител започнува да се шири едно интуитивно и емотивно доживување, најчесто субјективно, но има сведоштва кога некои личности доживуваат некаков внатрешен повик, привлечност, неискажлива радост и поттик за промена и осмислување на животот. Тие тврдат дека тоа доживување е причинето од некакво надворешно влијание, односно, дека надворешното влијание поттикнува позитивни плодови во нивниот внатрешен духовно - мисловен - емотивен и вољев живот! Како последица на сето тоа личноста започнува да ВЕРУВА ВО БОГ! Но, верата, во таа фаза, е ВЕРА, а не и осознавање на духовните вистини! Во следната фаза, доколку личноста не се откаже од „надворешниот поттик“ или „призив/ покајание“ или не заскита во болна или измамна религиозност, тогаш во неа започнува сериозна потреба за осознавање на верата и духовните вистини. Односно, личноста сака да осознае КОЈ е БОГ и каков е навистина ТОЈ! Во оваа фаза актуелен е истражувачкиот пристап препознатлив по сериозно и задлабочено читање на Светото Писмо, но и позадлабоченото осознавање, а и практикување на духовниот живот во духот на заповедите Божји и преданието на Црквата! Треба да се потенцира дека дури во оваа фаза започнува посериозно поврзување на Божјите вистини и вредности со конкретниот живот на верникот. И како плод на целиот гореопишан контекст, но, и како плод на сериозниот и искрен духовен живот на боготражителот полека, но сигурно, тој ги доживува и првите реални, во исто време и надрационални контакти со Оној кого го ословуваме како „БОГ“! И од тогаш започнува нашата ДОВЕРБА во БОГ, односно, започнува Неговото водство (присуство/ благослов) во нашиот живот! А Исус, кога се приближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сè што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Амин! (Матеј. 28, 18 – 20) --- БИДИ УЧЕНИК НА ПАТОТ Плодороден ученик Христов е само оној кој својот дух, ум, срце, душа и тело ги подготвил да бидат плодна земја за засадување на заповедите и вистините на својот Учител. Овој и ваков ученик плодовите од своето учеништво ќе ги вкуси само тогаш кога Отецот Небесен во силата на Духот Свет ќе благослови тој да разбере дека за него друга реалност, освен Царството Божјо не постои. Зошто? Затоа што плодовите од заповедите и вистините Христови своето природно и благословено опкружување го имаат само во Царството Божјо! И истите тие плодови ученикот може да ги препознава и споделува само со оние кои Царство Божјо го градат во себе во овој и ваков отпаднат и болен свет! Отпаднатиот и болен свет ги мрази плодовите на плодородните ученици Христови! Злата и уништувачка сатанска сила на спротиставувањето себе си се прогласува и за „цар“ и „царство“ и за „ученик“ и „учител“ во нашиот егоизам, во итрото себељубие и во лажното себевреднување! На тој начин злата сила на спротиставувањето нашата внатрешност ја претвара, ако допуштиме, во најсурова пустина, а во таква пустина не можат да се засадат заповедите и вистината на Оној кој не повикува кон ЖИВОТ, и тоа вечен! Злиот човек не може, а и не сака да биде ученик, затоа што е роб! Добриот човек сака, а и потребно е да биде ученик, затоа што слободата се стекнува со знаење, но се одржува со мудрост! Животот е слобода затоа што човекот е создаден за бескрај, за вечно учеништво! Исус ни откри дека Тој е вечен ПАТ, ВИСТИНА и ЖИВОТ!