Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Гостување во емисијата Мерак Меана - Телевизија Сител СТАНВАЈ ДОНКЕ Станвај Донке, станвај пиле порано, свршеникот ќе ти дојде, еј Донке ле, свршеникот ќе ти дојди, еј ќерко ле. Ако дојде, нека дојде, нејќам го, тој си љуби друго либе освен мене, тој си љуби друго либе, еј мајко ле. Уште зборот недоречен, тој дојде и на Донка ѝ се колнe, еј до бога, и на Донка ѝ се колнe, еј до бога. Коња јавам, коњ да пукне под мене ако љубам друго либе освен тебе, ако љубам друго либе освен тебе. Сабја носам, сабјата да ме исече, ако љубам друго либе освен тебе, ако љубам друго либе освен тебе. Пушка носам, пушката да ме отепа, ако љубам друго либе освен тебе, ако љубам друго либе освен тебе.