БИПОЛАРЕН БРАТУЧЕД - comedy special - Никола Братучед

Никола Братучед Сиљаноски роден во Ријека Р.Хрватска, неговите родители биле таму па ајде, помалку познаници, помалку гости, помалку частење и вознемирување. Висина од скоро 2m навидум лесна за совладување, во случај да ти работат колената и кичмата – прописно. Живее во Охрид, на поткровје, па еве ако бидат подобри времиња и за тераса да идаме! На Stand Up сцената, скоро 7 години, настапи во Охрид, Струга, Битола, Куманово, Св.Николе, Прилеп, Берово, Македонска Каменица, Делчево, Виница, Крушево, Скопје, Кочани, Кавадарци, пак Охрид, Струга, Битола, Прилеп... собирани шеги, емотивно инволвирање во дадена ситуација како страв од десна кривина, лични достигнувања како возачка дозвола, работа со ваљак за вар и успешно дипломирање на Машинскиот факултет во Скопје со назнака: еве диплома, алат чепкање никако! Потоа, настап по настап, шега по шега го составува својот прв материјал “Биполарен Братучед”. Час и 15-тина минути од неговото детство, воспитување, единствено искуство на масажа не по негова желба, односот со неговата Неверница односно вереница, меѓутоа убеден дека свадбата е само манифестација на трошокоТ, т.е лоша инвестиција а за тие пари би можел да си купи чекан или регистрација за возилцето. Финалната вечер од турнејата е во Охрид во Домот за Култура “Григор Прличев” со што материјалот е снимен во аудио и видео формат и се чека погоден момент за објавување каде што Братучед ќе може да се види зошто е машински инженер а не стенд ап комичар!!! Ваш Братучед

Смотрите также